fbpx
ОДДЕЛИ

Детска кардиохирургија

AcibademSistina Pedijatrija

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Одделот за детска кардиохирургија, составен од искусен тим од 15 професори, доктори и сестри кои се обучени во областа на детската кардиохирургија. Во тимот е д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, но и уште неколкумина доктори кардиохирурзи, кардиолози, анестезиолози, перфузионисти и педијатари.

Во соработка со нашите доктори, работи тим доктори кои доаѓаат од Турција и се достапни секоја недела во земјава. Целта е да се преслика успешното искуството кое болниците на „Аџибадем“ во Истанбул го имаат со детската кардиухирургија. Овие центри зад себе имаат повеќе од 15.000 операции.

Овој тим е задолжен за кардиолошки интервенции кај деца на возраст од 0 до 18 години, а во следниот период „Аџибадем Систина“ има за цел да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија туку и на целиот Балкан. Сите кардиохируршки услуги кај пациентите се покриени од ФЗОМ.

Кардиохируршки интервенции кај педијатриски пациенти

  • Поправка на отсатен пулмонален залисток (Absent pulmonary valve repair)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (парцијален)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (комплетен)
  • Аортна стеноза (Росс процедура)
  • Корекција на аорто-пулмонален прозорец
  • Атријален свич-операција (JAtene)
  • Корекција на атријален септален дефект (комплетен)
  • Корекција на атријален септален дефект (парцијален, Primum ASD)
  • Би-дирекционален Глен шант
  • Б-Т шант процедура
  • Решавање на коарктација на аорта
  • Палијација на double inlet left ventricle (PA banding, B-T shunt, Glenn, Hemi Fontan, Fontan)
  • Корекција на double outlet десна комора
  • Корекција на ебштајн аномалија
  • Процедура фонтан
  • Хеми-фонтан процедура
  • Корекција на хипопластично лево срце (Norwood procedure, Sano modification of Norwood, Glenn, Hemi fontan, Fontan)
  • Корекција на прекинат аортен лак
  • Коно-процедура
  • Корекции на митрална валвула
  • Норвуд-процедура
  • Лигирање на перзистентен дуктус артериозус
  • Бендинг на пулмонална артерија
  • Корекција на пулмонална стеноза
  • Rastelli операција
  • Процедура сенинг
  • Комплетна корекција на тетралогија фало
  • Корекција на транспозиција на големи крвни садови
  • Корекција на трикуспидна атрезија (PA banding, B-T shunt, Bi-directional Glenn, Heni Fontan procedure)
  • Корекција на трункус артериосус
  • Корекција на васкуларен ринг (Double aortic arch, Right aortic arch with left sided patient)
  • Корекција на вентрикуларен септален дефект

Eлектрофизиологија кај деца

Процедури

  • Поставување на трајни срцеви електростимулатори (пејсмејкери) по трансвенозен пат, еднокоморни (VVIR), двокоморни (DDDR), срцев ресинхронизациски пејсинг-систем (CRT-P), срцев ресинхронизациски пејсинг и дефибрилациски систем (CDR-D), дефибрилациски пејсинг-системи, еднокоморни и двокоморни (ICD VR,DR)
  • Поставување на привремен трансвенозен пејсинг-систем
  • Електрофизиолошко инванзивно тестирење за преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошко фармаколошко тестирање на преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошка студија со радиофреквентна катетер аблација на преткоморни кружни тахикардии, преексцитациски кружни тахикардии
  • Комплетно амбулантско следење на пациенти со поставени пејсинг-системи
  • Неинванзивно амбулантско следење на срцевиот ритам (24-часа холтер континуирано мониторирање)

Катетеризации на срцето

Срцевата катетеризација е минимално инванзивна процедура што ја изведуваат интервенциони педиајтриски кардиолози за да добијат подобар увид на срцето и да лекуваат проблеми на срцето, вклучувајќи ги тука и вродените мани на срцето.

Состојби кои се третираат со катетеризација на срцето

  • Стеноза на аортна валвула
  • Атријален септален дефект (АСД)
  • Коарктација на аорта
  • Перзистентен дуктус артериозус (ПДА)
  • Вентрикуларен септален дефект (ВСД)
  • Стеноза на пулмонална валвула
  • Дијагнастичка катеризација со мерење на притисок и градиент