Линкови за пристапност

Суспендирана Русковска поради претресот во Финансиска полиција


Одлуката ја донел државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески
Одлуката ја донел државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, е суспендирана од функцијата. Информацијата ја потврди и таа самата.

Одлуката ја донел државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, пишува во кусото соопштение од Јавното обвинителство.

Во дописот истовремено се наведува и дека „Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда на Законот за јавното обвинителство“.

Решението на државниот обвинител за суспензија на Русковска и за дисциплинска постапка против неа и против уште двајца обвинители од нејзиното обвинителство следи откако директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, поднесе кривични пријави против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Суспендирана Вилма Русковска
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Веќе неколку месеци трае отворениот конфликт меѓу Муареми и Русковска кој кулминираше со нејзиното суспендирање. Во јули обвинителството за гонење организиран кримнал изврши претрес во канцелариите на финансиската полиција за „предмети оформени по анонимни кривични пријави“.

На тоа следеше одговор од Муареми кој поднесе претставка за работата на Обвинителството со кое раководи Русковска. Двајцата разменија и остри изјави еден за друг преки медиумите. Русковска дури и побара реакција од странските амбасади поради, како што тврдеше, притисоците што доаѓале од финансиската полиција.

Одговорот од амбасадата на САД, но и на Делегацијата на ЕУ беше дека прашањето треба да го разрешат надлежните институции.

Денеска, државниот обвинител реши да ја суспендира Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG